Авторот на смешната биста на Роналдо се правда: Дури ни Исус не ги задоволил сите!

by
2 минути читање

Ѕвездата на Реал
Мадрид и Португалија вчера доби признание во неговата родна Мадеира, меѓународниот
аеродром во иднина ќе го носи името Кристијано Роналдо.

Но оваа
церемонија падна во сенка на смешната биста од играчот која беше поставена пред
аеродромот.

Таа ни од далеку
не потсетува на ликот на Кристијано Роналдо, па предизвика голем потсмев на
социјалните мрежи.

По бурните
реакции се огласи и авторот на бистата.

„Невозможно е да
ги задоволите Грците и Тројанците
– вели Емануел Сантош.

„Дури ни Исус не
ги задоволил сите!
.

„Се работи за
вкус, и не е толку едноставно како што се чини
. Сум видел дела
на реномирани уметници кои доживеале вакво нешто
.

„Важно е
влијанието што бистата ќе го генерира. Секогаш постои можност да се направи
разлика, бев подготвен на сето ова
.

„За основа
користев некои слики од Кристијано Роналдо кои ги најдов на интернет. Ги ставив
сликите до мене и почнав да работам на бистата
.

Тој исто така вели дека бил во постојан контакт со семејството на играчот, Кристијано Роналдо имал неколку предлози за промените кои треба да се направат но дал зелено светло за финалната верзија и му се допаднало она што го видел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани