Венгер одговори на шпекулации кои го поврзуваат Санчез со Челси: Има само еден клуб во Лондон!

by
1 минути читање

Договорот на Санчез со Арсенал истекува во 2018 година и се уште не е постигната согласност помеѓу двете страни за продолжување на соработката.

Санчез потврди дека сака да остане во Лондон додавајќи дека сака да игра во клуб со победнички менталитет. Поради тој дел од неговата изјава тргнаа шпекулациите дека би можел да се пресели во Челси.

„Има само еден тим во Лондон“ – одговори Венгер на шпекулациите.

„Лично сметам дека Санчез е среќен тука, се уште не сме го продолжиле неговиот договор, но се надевам дека ќе остане во клубот“.

„Точно е дека во минатото се случувало да продадеме играч на ривалски тим поради финансиски причини, но тоа не е случај повеќе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани