Жерард Пике по
вчерашниот пријателски натпревар помеѓу
Франција и Шпанија пак распали по Реал Мадрид.
Дефанзивецот вели
дека нема ништо против играчите, туку против оние кои седат во ложата на Бернабеу и
ги влечат конците.
„Не ми се
допаѓаат вредностите кои Реал Мадрид ги пренесува” – вели
дефанзивецот на Барса. „Немам ништо против играчите, со добар дел од нив сум
пријател”.
„Не се сомневам
во лојалноста на Раул кон Мадрид, но јас никогаш нема да работам за Реал Мадрид”.
„Не ми се допаѓа
начинот на кој луѓето кои седат во ложата на Бернабеу ги влечат конците.
Луѓето кои ги обвинија Маси и Нејмар, но имаат поинаков третман за Роналдо,
седат во ложата”.
„Сите знаме што
се случува во ложата на Реал, секогаш било така”.
„Судијата е тој
што обвинува а не Мадрид? Сите добро знаеме кој стои зад ова и како
функционираат работите”.
Жерард Пике потоа
одговори и на критиките дека Барселона со помош на судиите стигна до голема
победа од 6-1 над ПСЖ.
„Кога сме добиле
помош од судиите? Во Лигата на Шампионите? Мислев дека ме прашувате за
првенството, во првенството долго време се нема случено тоа”.
„Дискутираме за
историски кам-бек од 6-1 и вие се фокусирате на судиите. А кога Реал Мадрид ја
освои титулата во Лигата на Шампионите со гол од офсајд на Серхио Рамос, ништо не се случува”.