Италија ја продолжи мизеријата на Холандија, Шпанија подобра од Франција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фаворитите од групата во која се наоѓа и Македонија, денеска славеа победи во дерби пријателските натпревари.

Најинтересниот дуел денеска се играше во Париз каде Франција ја пречека Шпанија. Мечот долго време беше без голови, требаше да биде досуден пенал за да биде отворен. Давид Силва во 68. минута беше сигурен од белата точка за водство на гостите од 1-0.

Само девет минути подоцна нововлезениот Делофеу зголемува на 2-0 за конечен резултат.

Италија со 2-1 ја  победи Холандија во Амстердам. Лалињата веќе подолго време не цветаат.

Натпреварот беше отворен уште во 10. минута со несреќен автогол на Ромањоли. Но водството на Холандија не траеше ниту една цела минута, Едер во следниот напад изедначи на 1-1.

Во 32. минута Бонучи се најде на вистинското место, погоди од непосредна близина и донесе победа на Италија од 2-1.

Изненадување направи Шведска победувајќи на гостувањето кај Португалија со 3-2. Исланд со 1-0 славеше кај Ирска, Русија и Белгија одиграа најефикасно 3-3. Естонија ја шокираше Хрватска победувајќи ја со убедливи 3-0. БиХ славеше на гостувањето кај Албанија со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани