Дефанзивецот на Наполи ги спасил Сенегалците од резил во Лондон и од свој џеб го платил хотелот

by
1 минути читање

Минатата недела
Сенегал одигра пријателски натпревар со Нигерија во Лондон, и авантурата на
„Островото“ била малку проблематична

10 играчи на „Лавовите“ имаа проблем со визата за Британија па заглавија малку повеќе од планираното во Париз, и пристигнаа во Лондон непосредно пред
натпреварот.

Но тука не завршиле маките, медиумите од
Италија и Сенегал сега пишуваат дека експедицијата на Сенегал ризикувала да
заврши на улица, фудбалската федерација на оваа држава е во финасиска криза па не била подмирена
фактурата за престојот во хотелот.

Кога по крајот на натпреварот фудбалерите се вратиле во хотелот, биле известени дека не можат да останат уште една ноќ поради неплатена сметка.

За да се избегне
резил на сцена стапил дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали и од свој џеб ја
покрил сметката од околу 24.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани