Малата островска
земја минатото лето беше вистински хит во Франција и ги освои срцата на
неутралните фудбалски љубители.
Исланд, земја со
330.000 жители и стотина професионални фудбалери, ја шокираше големата Англија
во осминафиналето на Европското првенство
Победата донесе
големо славје помеѓу навивачите кои отпатуваа во Франција, но и оние кои
останаа дома, а лудата прослава сега ги дава резултатите.
Девет месеци по
магичната ноќ во Ница и историскиот успех, на Исланд му се случува „бејби бум“.
Локалниот весник
Висир пренесува дека во Исланд се родени рекорден број на бебиња.
Извештаите велат
дека изминатиов викенд во болниците биле употребени рекорден број на епидурални
анестезии, кои се користат при пораѓај.