Алексис Санчез открива: Како дете си зацртав дека ќе станам фудбалер, играв дури и во затвор!

by
2 минути читање

Алекс Санчез важи
за неуморен борец и играч кој не сака да губи, и во разговор со ТВ каналот на
Арсенал тој открива од каде му е овој победнички менталитет.

Чилеанецот уште
како дете си зацртал дека ќе стане фудбалер, па за да ја оствари целта играл
каде и да го викнеле и на било која позиција.

„Кога бев дете, сакав
да станам професионален фудбалер
– вели Алексис Санчез.

„Мојот психолошки
пристап беше секогаш да се победи и да одам што е можно подалеку играјќи фудбал
.

„Играв на секој
турнир и на почетокот играв на гол. Фудбалот ме правеше среќен па позицијата не
ми беше толку важна. Постојано играв со постари лица
.

„Играв на улица,
а често одев да играм и во локалниот затвор. Таму игравме на земјена подлога, и
јас стоев помеѓу стативите
.

Со напорна
работа, Алексис Санчез си го оствари сонот, и не само што игра фудбал, важи за
еден од најдобрите напаѓачи.

По авантурата во
Удинезе и Барселона, тој сега е прв играч на Арсенал, а летоска би можел
да направи нов голем трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани