Фергусон открива кој два противника на Манчестер јунајтед го прават нервозен и во пензија

by
1 минути читање

75 годишниот Шкот,
кој замина во пензија во 2013, често од ложата ги следи натпреварите на
Манчестер јунајтед во својата нова улога на директор и амбасадар на клубот.

Сер Алекс
Фергусон беше познат по експлозивниот темперамент покрај аут линијата кога беше
на кормилото на „Црвените Ѓаволи“, но тој сега вели дека е многу порелаксиран и
ужива во натпреварите.

Сепак, признава
дека средбите со големите ривали Ливерпул и Манчестер Сити го прават нервозен и
во пензија.

„Кога ми ја
доделија улогата директор и амбасадор, тоа беше перфектна позиција, можам да ги гледам натпреварите, да уживам и од време на време да патувам со тимот
”
– вели Ферги.

„Не се возбудувам
премногу, уживам кога го гледам Манчестер јунајтед
”.

„Секогаш нешто се
случува, без разлика дали победуваме или губиме
”.

„Нервозен сум
само кога играме со Ливерпул и Манчестер Сити, бидејќи ова се најголемите
натпревари
”.

„Ништо не може да
се спореди со дуелот со Ливерпул, и секако пресметката со Манчестер Сити,
откако тие се искачија на видно место во англискиот фудбал, па сега и натпреварите
со градскиот ривал се многу важни
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×