Нејмар: Меси ми помогна кога најмногу ми требаше

by
1 минути читање

Нејмар игра одлична сезона, евидентен е напредокот во неговата игра и во селекцијата на Бразил и во Барселона. Вели дека на почетокот во Шпанија имал потешкотии, но добивал помош од Меси.

„Меси ми помогнал многу во изминатите четири години, особено на стартот од кариерата во Барселона кога ми беше најтешко и најмногу ми требаше помош. Тој ми велеше „смири се, играј ја својата игра и се ќе си дојде на место“, зборував со мојот идол, Меси ми помогна да се опуштам“ – вели Нејмар.

„Ние сме пријатели и тоа ми помага на теренот. Среќен сум за секој негов гол и асистенција. Истото се однесува и за Луис Суарез, си помагаме многу на теренот и среќен сум за овој момент во кој живеам. Ова е најдобриот период од мојата кариера, не зборувам за бројки, мислам на фудбалот, се надевам дека ќе продолжам така“.

„Времето ве прави позрели, сега размислувам само за фудбалот и подобар сум во секој аспект. На сите им е потребно време“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани