68
Рамон Родригез
Вердехо, познат како Мончи е на чекор да стане дел од управата на Рома.
Со месеци се
најавува дека „трансфер мозокот“ на Севиља е во преговори со Рома, и последните
информации велат дека двете страни се сретнале во Лондон да ги испеглаат сите
детали.
Според пишувањата
на медиумите, Мончи веќе утре би можел да стави потпис на три годишен договор и
да стане нов спортски директор на „Римската Волчица“.
Ова ќе биде
одличен потег за клубот од Рим, Мончи важи за еден од најдобрите спортски
директори во светот на фудбалот и Севиља ја претвори од просечен второлигаш во
моќен клуб кој освојува трофеи и заработува грди пари од трансфери.