Репрезентативецот
на „Црвената Фурија“ е обврзан кон „Кралевите“ до 2018 и преговорите за
продолжување на соработката тапкаат во место.
Развојот на
настаните го следат неколку екипи, кои се спремни да ја искористат ваквата
ситуација и да го ангажираат Иско.
Еден од
заинтересираните клубови е и Барселона, се шпекулира дека „Каталонците“ веќе
доставиле понуда и на Иско му ветиле бонус од 20 милиони евра доколку како
слободен играч во 2018 се пресели на Камп Ноу.
На „Кралевите“ не
им се допаѓа ова, па според Депортес Кватро, Реал Мадрид упатил ултиматум до
играчот.
Шампионот на
Европа му порачал на Иско дека следната сезона ќе биде отстранет од тимот и ќе дреме на трибини доколку не
стави потпис на нов договор.