Манчини го пецна Гвардиола: Премиерлигата е различна приказна, Англија не е Шпанија и Германија

by
2 минути читање

Италијанецот во
2012 на Манчестер Сити му ја донесе првата титула во Премиерлигата, но 12
месеци подоцна доби отказ.

На негово место
дојде Мануел Пелегрини, но и тој доби „клоца“ за да се направи место за Пеп
Гвардиола, кој важи за најдобриот тренер во светот.

Шпанецот има
разочарувачка прва сезона, Манчестер Сити е далеку од битката за титулата, а
доживеа и елиминација уште во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Роберто Манчини
во разговор со медиумите од „Островото“ сега објазни зошто „Граѓаните“ се
мачат.

„Гвардиола е
одличен теренер, но тие се мачат и има причина за ова
– вели Италијанецот.

„Тој во Шпанија, како
тренер на Барса, го имаше Меси, Иниеста и феноменален тим. Плус, Ла Лига е првенство
во кое само два клуба се борат за титулата, Реал Мадрид им е единствен ривал
.

„Потоа отиде во
Германија, каде Баерн Минхен секогаш победува па тој ни таму немаше тежок живот
.

„Но приказната е
различна во Премиерлигата, во Англија дури шест екипи се борат за титулата, и
сега тој има проблеми
.

„Од 2012 па
наваму, Манчестер Сити има најсилен состав па изненаден сум од резултатите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани