Ѕвездата на Реал
Мадрид, Кристијано Роналдо е играчот со најголеми приходи во 2016.
Франс Фудбал ја
објави својата годишна листа според која ЦР7 на име на плати, бонуси и
спонзорски договори изминатите 12 месеци инкасирал 87,5 милиони евра.
Зад него на
листата е лутиот ривал од Барселона Лео Меси, кој заработил 76,5 млиони евра, а на третото
место се наоѓа уште еден играч на „Каталонците“, Нејмар со заработени 55,5 милиони евра.
Во топ 5 уште се
и Герет Бејл (41 милион евра) и Езекиел Лавеци (28,5 милиони евра).
Кога се во
прашање тренерите, прв е Жозе Мурињо со заработка од 28 милиони евра, а потоа
следуваат Марчело Липи (23,5 милиони евра), невработениот Лоран Блан (20
милиони евра), Карло Анчелоти (15,8 милиони евра) и Пеп Гвардиола (14,5 милиони
евра).