Клубот од
Сицилија доби нови сопственици од САД па навивачите се надеваат дека доаѓаат подобри
времиња.
„Фановите ме
прашуваат дели ќе го ангажираме Раниери или дали ќе го купиме Лео Меси” – вели новиот претседател Пол
Бакаљини со насмевка на лицето.
„И јас го чекам
денот кога ќе можам да кажам „Да, го купивме Меси“”.
„Сепак, имам
живеено во Бразил, па го преферирам Нејмар…”
„Се надевам дека
до 30. април ќе ја комплетираме зделката за превземање на Палермо. Доколку
работите се одвиваат побрзо, ќе ве известиме”.
Изминатиов викенд
Пол Бакаљини откри дека добил фантастична понуда од 20 милиони евра од Кина за услугите
на Илија Несторовски, но го одбил предлогот бидејќи Македонецот е симбол на
клубот и сака тимот да го гради околу напаѓачот.