81
Двете фудбалски
икони, покрај одличните перформанси на теренот, беа познати и по лудиот ноќен
живот и забавите до раните утрински часови.
Роналдо и
Роналдињо сега се појавија во емисија на ТВ каналот Глобо во која говореа на
многу теми како Барселона, Нејмар но и работи од персоналниот живот, како
познатите забави кои двајцата ги имаат организирано.
Двајцата играчи
се сложија и со насмевка на лицето признаа дека сепак Роналдо е „кралот“ на
забавите.
„Да, точно е. Јас
бев многу подобар кога се во прашање забавите” – рече „Феноменот“.