Пред десетина
дена медиумите блиски до Барселона почнаа да шпекулираат дека лидерите на
клубот сакаат да го вратат на Камп Ноу, Тиаго Алкантара, кој во 2013 си замина
поради малата минутажа.
Но Баерн Минхен е
клуб кој тешко ги продава играчите кои ги смета за важен дел од плановите за
иднината.
Па откако
Барселона остварила контакт и се распрашувала за Тиаго Алкантара, лидерите на
шампионот на Германија на културен начин ги одбиле своите колеги од Шпанија.
Тие им соопштиле
дека Тиаго Алкантара може да замине но само за 90 милиони евра, свесни дека оваа сума
Барса никогаш нема да ја плати за играч кој потекнува од нивната младинска
школа.
Овој одговор е
јасна порака дека Шпанецот не е на продажба, и „Каталонците“ веднаш се
повлекле.
Се очекува во
скоро време Тиаго Алкантара да биде награден со нов побогат договор.