„Топчиите“ се на
прагот на уште една разочарувачка сезона, па притисокот врз Арсен Венгер е огромен.
Менаџерот на маса
има нов договор, многумина се противат на ова и сакаат Французинот да го
напушти клубот по крајот на сезоната, па веќе се оддржаа неколку протести.
Пол Сколс, кој и
самиот жестоко го има критикувано Арсен Венгер, сега застана во одбрана на
менаџерот на Арсенал и вели дека стратегот заслужил сам да одлучи за
сопствената иднина.
„Заслужи да прави
што сака” – вели легендата
на Манчестер јунајтед.
„Очигледно е под
голем притисок поради лошите перформанси, особено во последните неколку недели.
Тие не беа на потребното ниво за клуб како Арсенал”.
„Сигурен сум дека
и тој е разочаран и знае дека игрите кои Арсенал ги прикажа не се доволно добри”.
„Без разлика дали
ќе одбере да остане или да замине, мора да се почитува неговата одлука”.
„Тој беше одличен
за Арсенал 15 или 20 години, па заслужи самиот да одлучи за сопствената иднина”.