Верати: Добро ми е во ПСЖ, но Интер и Јувентус…

by
2 минути читање

24 годишниот
Италијанец постојано инсистира дека е среќен во ПСЖ, но и покрај тоа продолжува да „флертува“
со заинтересираните екипи.

На почетокот од
овој месец истакна дека Барселона е единствениот клуб поради кој е спремен да
замине од Париз, но на оваа листа сега додаде нови имиња.

„Да се вратам во
Италија? Во моментов се чуствувам добро во Париз
– вели Марко Верати во разговор со Раи Спорт.

„Серија А е
одлично првенство, исто како Шпанија и Англија. Па ако еден ден решам да
заминам од Париз, ќе ги разгледам сите опции
.

„Во моментов има
два тима кои имаат желба и финансиска моќ да инвестираат, како Интер и Јувентус
.

„Минатото лето
Јувентус инвестираше голема сума на пари за да го купи Игуаин. Забележаа голем
напредок изминатиов период и во моментов се помеѓу четирите најдобри тимови во
светот
.

„Па ако еден ден
решам да го напуштам Париз, без проблем би се преселил во Серија А
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани