Менаџерот на
Манчестер јунајтед вчера беше во посета на Загреб и од трибините на Максимир го
проследи дуелот помеѓу Хрватска и Украина во квалификациите за мундијалот во
Русија.
Шпекулациите на
медиумите велеа дека Жозе Мурињо допатувал во Хрватска со цел да го договори
трансферот на Иван Перишиќ.
Но Порутугалецот
го демантира ова и вели дека слободните денови ги искористил да избега од лошото време во Манчестер и да
посети пријатели.
„Немав скриена
агенда, дојдов да уживам во слободните денови и да посетам пријатели како
Предраг Мијатовиќ и Давор Шукер” – вели „Специјалниот“ за ХНТВ.
„Знам дека сите
мислат дека сум дошол да гледам некои играчи, но во денешниот фудбал не треба
да патувате од земја во земја за да видите некој играч, ги знам сите”.
„Дојдов како
личност која сака да се релаксира и да ужива во убаво време, за разлика од
дождливиот Манчестер…”