Диего Симеоне објасни зошто не сака да го купи неговиот син Џовани

by
2 минути читање

Минатото лето,
младиот Џовани Симеоне се пресли во Европа, екипата на Џенова реши да му даде
шанса да покаже што умее на стариот континент.

21 годишниот напаѓач
има одлична деби сезона во Италија со 10 погодоци во Серија А и еден во купот,
па почна да го привлекува вниманието на неколку клубови.

Во разговор со Ел
Паис, неговиот татко, Диего Симоне објасни зошто Атлетико Мадрид нема да тргне
по потписот на Џовани.

Тоа ќе биде
големо жртвување, и играњето фудбал не треба да биде жртвување
– вели Диего Симеоне.

„Фудбалот е само
игра, и покрај тоа што во неа учествуваат професионалци
.

„Џовани има
фантастична сезона во Џенова, 
не е лесно да постигнете 11 погодоци во Италија во вашата
прва година
.

„Но да го донесам
во мојот тим, ќе му дадам одговорност која нема да биде добра за него
.

„Џовани има
квалитети кои ми се допаѓаат многу, и со труд и напорна работа тој ќе стане
голем играч, но не во мојот тим
.

„Има многу
клубови кои можат да му понудат добра шанса
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани