Иско ги прокоментира сториите за трансфер во Барселона

by
1 минути читање

Шпанецот е под
договор со Реал Мадрид до 2018, преговорите тапкаат во место, па често се
пишува за негово заминување од Сантијаго Бернабеу.

Оваа недела се
појавија стории кои велеа дека Иско на маса има конкретна понуда од Барселона.

Добро упатен
извор обелодени дека „Каталонците“ на играчот му ветиле бонус од 20 милиони евра доколку
замине од Реал како слободен играч во 2018 и се пресели на Камп Ноу.

По вчерашната
победа на Шпанија над Израел, Иско ги прокоментира ваквите написи.

„Шпекулациите се
дел од фудбалот, ние играчите сме навикнати
– вели фудбалерот од средниот ред, кој вчера постигна гол за
конечни 4-1.

„Сега на паузата
поради репрезентативен фудбал нема многу вести, па луѓето мораат да измислуваат
стории
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани