Италијанецот во
својата прва година на Стемфорд Бриџ е на добар пат да ја освои Премиерлигата,
а „Сините“ се во игра и за ФА Купот.
Но
често се говори дека авантурата на Антонио Конте на „Островото“ ќе биде кратка
и летоска тој ќе се врати во Италија, каде има богата понуда од Интер.
И покрај тоа што
Италијанецот во неколку наврати истакна дека планира да продолжи со проектот на
Челси, медиумите и понатаму пишуваат за неговата иднина.
Денешното издание
на Тутоспорт има прилично луда сторија на оваа тема.
Весникот пишува
дека Роман Абрамович сакал на Стемфорд Бриџ летоска да го донесе Нејмар и ги
подготвил милионите за ангажман на Бразилецот.
Но сопственикот
на Челси добил НЕ од Антонио Конте, стратегот го блокирал трансферот.
Според Тутоспорт
ова е знак дека Антонио Конте не планира да остане во Челси и сериозно
размислува да ја прифати понудата на Интер и новите сопственици од Кина, кои
сакаат да ги вратат „Нероаѕурите“ на врвот во Италија и Европа.