Реал Мадрид
новиот „Галактико“ го гледа во Премиерлигата, според пишувањата на Гардијан и
Дејли Мејл, Еден Азар е прва желба на „Кралевите“.
Шампионот на Европа
веќе остварил контакт со агентите на Еден Азар и подготвиле стратегија за
ангажман на Белгијанецот.
„Кралевите“ исто
така сакаат да го ангажираат и неговиот сонародник и соиграч од Челси, Тибо
Куртоа.
Голманот неодамна
истакна дека не размислува за заминување од Лондон, но Реал верува дека тој е
отворен за идејата да се врати во Мадрид и тие можат да го убедат да ја промени
средината.
Извештаите велат
дека Реал Мадрид во целата зделка е подготвен да вклучи и некој свој играч.
Алваро Мората е првото име, Антонио Конте е голем фан на Шпанецот и Челси
минатото лето достави богата понуда која беше одбиена.
Хамес Родригез
исто така би можел да биде жртвуван за Челси да прифати да се раздели со своите
две големи ѕвезди