Симеоне: Имав 35 милиони причини да заминам од Атлетико

by
2 минути читање

По новото
загубено финале од Лигата на Шампионите и поразот од Реал Мадрид во Милано,
Аргентинецот фрли сомнеж врз својата иднина на Висенте Калдерон велејќи дека му треба време
да размисли за следниот чекор.

„Кога одев кон
собата за прес конференција по крајот на натпреварот, морав да поминам покрај
просторот каде играчите на Реал Мадрид ја славеа титулата и почуствував болка
– вели Диего Симеоне во разговор со
АС. „И се уште чуствувам
.

„На пресот тогаш кажав
како се чуствувам и дека ми треба простор добро да размислам
.

„Не направив
ништо погрешно, ако сакав да се преселам во друг клуб, имав 35 милиони причини
да заминам, 35 милиони причини!

„Но на крајот не
заминав бидејќи не сакав и се уште не сакам да заминам. Се чуствувам поврзан со
клубот и она што го правиме секој ден. Имам огромна приврзаност кон составот и
чуствувам дека се уште не сме „завршен продукт“
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани