Репрезентативецот
на Швајцарија минатото лето пристигна на Емирати како големо засилување, но не
ги оправда очекувањата.
Покрај лошите
игри, за Гранит Џака проблем е и дисциплината, тој веќе доби два црвени картони
во Премиерлигата.
„Не ми пречат
критиките” – вели играчот
во разговор со Блик. „Нема толку лесно да ме фрлат на земја”.
„Но ми пречи тоа
што некои луѓе ме нерекуваат валкан, глупав или играч без мозок. Не можете да
му го кажете ова на човек кој не го познавате”.
„Таков е мојот
стил. Доколку ми го одземете, повеќе нема да бидам истиот играч”.
„Веќе ги
анализирав стартовите поради кои бев исклучен и прекршоците кои ги правам на
противничката половина. 60 или 70 метри од нашиот гол, тоа е предалеку, тоа
мора да сопре. Но нема да престанам да правам стартови”.