Синот на Клајверт сонува за настап во Барса, но идол му е Кристијано Роналдо

by
2 минути читање

Тинејџерот оваа
сезона дебитираше за Ајакс и покажува дека се работи за перспективен фудбалер
пред кого е блескава иднина.

Во разговор со
Гол, Џастин Клајверт открива дека сонува да го облече дресот на Барселона, но
пример кој сака да го следи е Кристијано Роналдо, ѕвездата на лутиот ривал Реал
Мадрид.

„Се огледувам на
Кристијано Роналдо
– вели
Холанѓанецот. „Не само поради неговите квалитети, кои се очигледни, туку и
поради начинот на кој живее, се храни и тренира напорно
.

„Тој е пример кој
го следам
.

„Но Барселона е
мојот клуб од соништата. Би сакал да играм за Барса во следните седум години
.

„Претходно
би сакал да се испробам во Англија. Ми се допаѓа конкурентноста на екипите во
Премиерлигата, па би сакал да играм и таму
.

Неговиот татко
Патрик шест години беше дел од Барселона и постигна 90 погодоц во Примера во
дресот на „Каталонците
“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани