Лекип: Гризман навалува кон заминување од Атлетико, еден клуб е во предност

by
1 минути читање

Медиумите често
пишуваат за иднината на Антоан Гризман, и покрај тоа што играчот постојано вели дека е среќен во
Атлетико Мадрид и не сака да го напушти клубот.

Но според
денешното издание на Лекип, Антоан Гризман летоска би можел да биде привлечен за
заминување од Висенте Калдерон.

На 26 години, Французинот се наоѓа во клучен дел од кариерата, и можеби е
време летоска да премине во голем клуб.

Весникот пишува дека играчот и
неговиот камп се повеќе и повеќе навалуваат кон заминување од Атлетико, и
одлуката ќе биде донесена по крајот на сезоната.

Доколку Антоан
Гризман одлучи да ја промени средината, новиот клуб ќе мора да настапува во
Лигата на Шампионите.

Лекип исто така
додава дека Манчестер јунајтед е во предност во однос на другите поради
присуството на Пол Погба, кој е добар пријател на Антоан Гризман.

Во неколку
наврати веќе се шпекулираше дека „Црвените Ѓаволи“ се спремни да ја активираат
откупната клаузула во договорот на играчот вредна 100 милиони евра, и Антоан Гризман беше најавен како големото летно засилување за Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани