Реал го сака Де Геа, Мурињо со контра предлог

by
1 минути читање

Давид Де Геа беше
на чекор до преселба на Сантијаго Бернабеу во 2015, но неговиот трансфер во 5
до 12 пропадна поради проблеми со документацијата.

И покрај тоа што
голманот потоа стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед, медиумите
постојано шпекулираат за негов трансфер во Реал Мадрид.

Кејлор Навас оваа
сезона имаше неколку киксови, па сега одново се најавува дека Реал Мадрид ќе достави
понуда за Давид Де Геа.

Според пишувањата
на Дон Балон, Жозе Мурињо е подготвен да се раздели со голманот, но под еден услов.

Португалецот
спремил контра понуда, и за
возврат бара еден од Карим Бензема, Тони Крос, Лука Модриќ, Касемиро и Рафаел
Варан.

Наводно на
„Црвените Ѓаволи“ им бил понуден Хамес Родригез, но Жозе Мурињо го одбил
Колумбиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани