Подолски открива што му кажал Харт по вчерашниот еврогол (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Пријателскиот
натпревар помеѓу Германија и Англија беше последен за Лукас Подолски во дресот
на „Панцирите“.

Напаѓачот се
повлече од репрезентатицијата со спектакулрен погодок од далечина, за кој добил
честитки дури и од голманот на „Трите Лава“, Џо Харт.

„Харт ми рече „еб*но
брилијатен шут, неверојатно“
– отрки Полди по крајот на натпреварот.

„Бог ми дари
добро лево стапало на кое секогаш можам да се наслонам
.

Натпреварот се
играше во Дортмунд, но на стадионот имаше голем број фанови од Келн, градот во кој
ја започна кариерата и се промовираше на фудбалската сцена.

„Од атмосферата
на стадионот можете да видите каква поврзаност имам со луѓето од Келн
.

„Имаше најмалку
30.000 луѓе од Келн на стадионот. Се наежив. Во вакви моменти знаете каде е вашиот дом и
дека сте завршиле добра работа на теренот но и надвор од него. Тоа ме прави
многу горд
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани