Венгер потврди: Не можеме да се договориме со Санчез и Озил

by
1 минути читање

Актуелните договори на Санчез и Озил истекуваат во јуни 2018, па Арсенал доколку не успее да ја продолжи соработката со нив ќе мора да ги продаде ова лето со цел да заработи нешто од нивното заминување.

Арсен Венгер потврди дека не можат да најдат заеднички јазик со фудбалерите.

„Во моментов немаме договор. Одлучивме да се фокусираме на остатокот од сезоната, а за договорите ќе зборуваме на лето. Бидејќи кога нема да успеете да се договорите, подобро е преговорите да ги продолжите во лето кога сезоната ќе заврши“ – вели Венгер.

Веќе никој не верува дека Арсенал може да ги задржи своите најдобри фудбалери. Озил и Санчез сакаат поголеми плати и поконкурентен тим, екипа која ќе се бори за најголемите трофеи, нешто што Арсенал одамна не е.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани