Арсенал повторно на шопинг во Барселона, овој пат сака искусен фудбалер

by
1 минути читање

Арсенал повторно е на шопинг во Барселона, клубот од Северен Лондон во минатото често купувал фудбалери од каталонскиот гигант, па се надева дека и сега ќе направи успешна зделка.

Според англиските медиуми, Арсенал нуди 25 милиони фунти за Арда Туран кој не може да фати место во стартниот тим на Барселона.

За добра понуда Барса би требало да му дозволи на Туран да замине, а и тој самиот би бил среќен доколку се пресели на место каде што би бил еден од клучните играчи во тимот.

Но, се шпекулира и дека Барселона сака да го врати Хектор Бељерин, па може да го условува Арсенал, би го дале Туран, доколку во спротивен правец би пристигнал нивниот поранешен бек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани