Може ли Дибала да биде стартер во Реал или Барса?

by
2 минути читање

Јувентус е во
преговори со Пауло Дибала за продолжување на соработката и клубот од Торино е
убеден дека напаѓачот ќе стави потпис на нов договор.

Но во исто време,
медиумите постојано шпекулираат дека Аргентинецот летоска ќе ја напушти „Старата
Дама“ и се најавува голем трансфер во Реал Мадрд или пак Барселона.

Двата клуба веќе
имаат пресилна офанзива, Реал Мадрид го има „ББЦ“ односно Бензема, Бејл и Роналдо.

Барселона го има
„МСН“ односно Меси, Суарез и Нејмар, па логично е прашањето каде би се вклопил
Пауло Дибала на Сантијаго Бернабеу или Камп Ноу.

Тешко е за
верување дека Аргентинецот ќе може да фати место во стартниот состав, освен
доколку некоја од овие ѕвезди не биде продадена, или пак Реал Мадрид или Барселона не ја променат формацијата, но во тој случај
ќе бидат екстра офанзивни и со големи дупки во одбраната, нешто што на долг рок
сигурно нема да фунцкионира.

Секако, сезоната
е долга, ќе има повредени, ротации, па Пауло Дибала веројатно ќе има солидна
минутажа, но дали играчот е подготвен на половина од натпреварите да ја грее
клупата кога во Јувентус е голема ѕвезда и клучна алка во походот на „Старата
Дама“ по Скудетото и трофејот од Лигата на Шампионите.

Останува да се
види што ќе донесе летото и каква ќе биде иднината на 23 годишниот
репрезентативец на „Гаучосите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани