Дефанзивецот на
Интер во последниот ден од зимскиот преоден рок се пресели во Хал на позајмица
до крајот на сезоната.
На почетокот од
овој месец, Андреа Ранокија изјава дека е импресиониран од фудбалот во
Премиерлигата.
„Да знаев дека е
толку добро немаше да чекам до 29. година за да дојдам да играм во Англија” – рече Италијанецот за официјалниот
сајт на Хал.
Но во разговор со
медиумите од Италија, Андреа Ранокија сега проговори и за животот надвор од
фудбалските терени, па исто како мнногу други играчи, тмурното време му
преставува проблем.
„Од Италија ми
недостасуваат тестенините и сонцето” – вели Ранокија.
„Тука сум месец и
пол, сонце не сум видел. Практично врне секој ден”.
„Се мачам со
јазикот, а проблем беше и возењето на погрешната страна од улицата. Само првиот
ден два пати влегов во погрешна насока”.