Симеоне: Никогаш нема да бидам тренер на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Диего Симеоне во Атлетико Мадрид се промовира како еден од најдобрите тренери во светот.

Се верува дека аргентинскиот стратег нема уште долго да седи на Висенте Калдерон, ќе го промени клубот, но тоа никогаш нема да биде Реал Мадрид.

„Никогаш нема да бидам тренер на Реал Мадрид“ – вели Симеоне.

„Тоа е логично поради чувствата кои ги имам. А и тие исто така не би ме побарале“.

„Млад сум, можеби некогаш ќе водам друг шпански тим“.

„Во некој период од кариерата би сакал да бидам и селектор на Аргентина, но се уште треба да напредувам како тренер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани