Варди добил смртни закани по отказот на Раниери

by
2 минути читање

Фудбалскиот свет
беше разочаран кога во февруари „Лисиците“ му врачија отказ на Клаудио Раниери,
кој минатата сезона испиша убава фудбалска бајка и го предводеше Лестер до
титула во Премиерлигата.

По одлуката на
управата на клубот се појавија стории кои велеа дека играчите на Лестер му забиле
нож во грб на Италијанецот.

Медиумите пишуваа
дека постарите членови на тимот, како Џејми Варди, Ријад Марез, Каспер Шмајхел
и Дени Дринквотер имале состанок со сопственикот на клубот и побарале Клаудио Раниери да биде разрешен.

Џејми Варди сега
открива дека поради ваквите написи тој добил смртни закани, и покрај тоа што
нема вистина во сториите.

„Наводно
состанокот поради кој Раниери добил отказ се случил веднаш по дуелот со Севиља
и медиумите пишуваа дека јас лично сум бил инволвиран во сето тоа
– вели Варди.

„Но јас три часа
заглавив со анти-допинг контрола. Нема вистина во сториите. Многу лажни
обвинувања беа кажани и ние играчите не можеме да сториме ништо
.

„Кога се појавија
сториите, многу луѓе веднаш ги земаа задраво за готово, па добивате смртни
закани по вашиот живот, животот на вашето семејство, вашите децата итн
.

„Се обидувате што
поскоро да го заборавите ова, но кога некој и го сече патот на вашата сопруга
додека децата се на задното седиште од автомобилот, ситуацијата не е убава
.

„Тоа се случи
многу пати. Тоа е застрашувачко
.

„Добивав смртни
закани на социјалните мрежи, на улица, прилично секаде
.

Откако Клаудио
Раниери си замина, Лестер почна да наликува на тимот од минатата сезона,
„Лисиците“ сврзаа четири победи во низа, и се пласираа во четвртфиналето од
Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани