78
18 годишниот
Французин има извонредна сезона и во последно време е топ тема на медиумите
ширум Европа.
Килиан Мбапе се
најавува како „новиот Тјери Анри“ и следната голама фудбалска ѕвезда која е желба на сите гиганти од стариот континент.
И покрај тоа што се уште е млад, напаѓачот не дозволува медиумскиот притисок да влијаеа на неговата игра, и своите квалитети ги
демонстрираше уште еднаш на денешното гостување кај Каен.
Тој со одлична
финта исфрли двајца противнички играчи и ја затресе мрежата за водство на
Монако од 0-1.
Потоа во
завршните мигови стави точка на средбата со гол со глава за 0-3.
Откако беше повлечен
од игра, доби стоечки овации и од противничките фанови.