Јувентус прокнижи
нови три бода откако поладнево со 0-1 славеше на гостувањето кај Сампдорија.
Стрелец на
единствениот гол на средбата беше Квадрадо во 7. минута, Колумбиецот одлично се
снајде по една нафрлена топка и со глава ја затресе мрежата на домаќините.
Лоша вест за
Масимо Алегри е тоа што Пауло Дибала моража предвеме да го заврши натпреварот.
Напаѓачот се
пожали на повреда на задната ложа и во 27. минута од средбата беше повлечен од игра. Првичните
информации велат дека не се работи за посериозна повреда, но повеќе ќе се знае
по деталните тестови.
Аталанта со 3-0
славеше пред своите фанови во дуелот со Песакара, Болоња со 4-1 го совлада Киево,
Фиорентина со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Кротоне а Каљари и Лацио одиграа
0-0.
На првиот денешен
натпревар, Наполи со 2-3 победи на гости кај Емполи.