46
Милан го искористи ремито на Интер и дојде на два бода до градскиот ривал откако на Сан Сиро ја победи Џенова.
Натпреварот беше решен во 33. минута кога по асистенција од Лападула, Фернандез со убав лоб удар погоди за победа.
Милан уште во третата минута остана без Бертолачи кој поради повреда мораше да го напушти теренот.
Горан Пандев уште еден меч преседе на клупата за резервни фудбалери на Џенова.