Фудбалерите на Арсенал можат да изгубат милиони доколку не се пласираат во ЛШ

by
1 минути читање

Од 1997 година Арсенал постојано е во Лигата на шампионите, но според тоа како се одвиваат работите оваа сезона, тоа може да се промени.

Арсенал во моментов е надвор од топ 4, а конкуренцијата за местата кои водат во Лигата на шампионите е најголема досега.

Според „Дејли Мејл“, играчите на Арсенал ќе загубат милиони фунти доколку не успеат да се пласираат во елитното натпреварување.

Весникот пишува дека некои играчи ќе мора да прифатат и намалување на платите ако Арсенал не игра во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Арсенал од УЕФА доби 46,7 милиони фунти за пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, па јасно е дека клубот ќе изгуби сериозна сума на пари доколку не се пласира меѓу најдобрите четири.

Предвидувањата се дека во следното лето во Арсенал ќе се случи вистински ремонт, неколку клучни фудбалери ќе заминат од тимот, а можно е ова да е и последна сезона за Арсен Венгер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани