Нејмар не е среќен поради една политика во ПСЖ: Ги разбирам стравувањата, но вака не може…

by
1 минути читање

ПСЖ синоќа се „сопна“
кај доста незгодниот и квалитетен состав на Борусија Дортмунд, откако загуби со
2-1 во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, а од пресметката
во Германија се постави и една дилема околу играта на Нејмар.

Иако Бразилецот
го постигна израмнувачкиот гол за 1-1, сепак јасно беше дека му недостасуваат
натпревари, а тоа беше очигледно со оглед на неговиот настап на теренот, тој отсуствуваше
цели четири меча во серија, а тврди дека бил подготвен уште за дуелот со Лион
на домашен терен во кој ПСЖ славеше со 4-2, потоа следеа уште два меча за тимот
од Париз, во кои исто изоставен беше Бразилецот.

Не е ова начинот
на кој сакав да бидам тука, немам играно четири натпревари, не ми се допадна
тоа што беше побарано од мене, меѓутоа клубот е главен по тоа прашање
“ рече
Нејмар.

Меѓутоа, сето
тоа завршува лошо по мене и моите соиграчи, јас бев повреден, меѓутоа не
постоеше никаква пречка да настапам кога бев рехабилитиран, бев подготвен за
настап против Лион, меѓутоа тие го одложија моето враќање на терените, а истото
се случи и повторно
“ додаде Бразилецот.

Ги разбирам
стравувањата, со оглед на моите повреди и отсуства изминативе две години, го
почитувам сето тоа, меѓутоа не може да биде вака…
“ заклучи првата ѕвезда на
францускиот првак.

Јасно е дека лидерот во најсилниот француски фудбалски шампионат посебен акцент сезонава ќе треба да стави за некој поголем успех во Лигата на шампионите, а за таа цел потребен е Нејмар секако, па не сакаат да ризикуваат со него на одредени натпревари, политика која на самиот фудбалер очигледно дека воопшто не му се допаѓа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×