Симеоне: Никогаш не сум видел ваков пречек, почнавме да победуваме уште на раскрсницата пред стадионот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид
вечерва го фрли на колена актуелниот европски шампион и го совлада со 1-0 во
првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. „Колчонероси“ рано
поведоа со голот на Саул и потоа умешно одолеваа на сите напади на Ливерпул.

„Очекував ваков
натпревар, игравме против многу силен противник, но одговоривме на предизвикот.
Започнавме одлично и потоа одигравме како што требаше, можевме да имаме и
поголема предност доколку искориствме некоја од шансите кои ги креиравме“
– вели
Диего Симеоне.

„Почнавме да
победуваме кога свртевме на раскрсницата која не носи право кон стадионот.
Пречекот на фановите беше импресивен. Осум години сум тука и никгоаш не сум видел
вакво нешто“.

„Нашава победа
ништо не значи, шансите за прогрес ни се исти како и на почетокот од двомечот,
Ливерпул знае како да игра големи натпревари пред своите фанови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×