Халанд не е нормален, два пати го стресе ПСЖ и испиша нова историја во Лигата на шампиони! (ФОТО)

by
1 минути читање

По трансферот во
Дортмунд во јануари, Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма и собори
неколку рекорди во Бундеслигата. Тој погоди на дебито во првенството на
Германија, на дебито во Купот на Германија, па очигледно и вечерва не можеше да
биде поинаку и погоди на дебито за „милионерите“ во Лигата на шампиони.

И не само тоа,
Ерлинг Халанд да пати го стресе ПСЖ, особено атрактивен беше вториог гол кога
ја „искина“ мрежата на гостите.

Со овие два гола,
тој испиша и нова историја во Лигата на шампиони, сега има 10 погодока во
најелитното европско натпреварување и до оваа бројка стигна за само 7
натпревари, или четири натпревари помалку од било кој друг фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×