Конте: Лацио доби голем подарок од нас

by
1 минути читање

Интер имаше
минимално водство по првите 45 минути игра на гостувањето кај Лацио во дербито
на колото во „Серија А“, и тоа со деби голот на Ешли Јанг во дресот на „Нероаѕурите“,
меѓутоа вторите 45 минути игра во Рим беа кобни за составот на  Антонио 
Конте, кој не е среќен на начинот на кој неговите избраници примија два
гола.

Мислам дека
проследивме добри перформанси на теренот, тоа го говори и резултатот, не ми се
допадна начинот на кој ги примивме двата погодоци во сопствената мрежа,
практично тоа им го подаривме на Лацио
“ рече Конте во изјавата за „Скај Спорт
Италија“.

Детали
одлучуваат на вакви натпревари, а грешките се кобни, сепак, сево ова е дел од
процесот на развојот на клубот, момците ќе мораат да бидат многу поопуштени и
релаксирани во едни вакви ситуации
“ додаде тој.

Како што кажав и
претходно, сепак, ова е само дел од процесот на развојот на клубот, и мораме да
го поминеме сево ова, мораме да се соочиме со секоја ситуација на тој пат,
момците работат напорно и благодарен сум им на тоа, иако загубивме, мораме да
бидеме горди на фактот што бевме и на првото место, меѓутоа мораме да се
подобруваме од меч во меч за да продолжиме со трката на врвот
“ заклучи
предводникот на „Нероаѕурите“.

Моментално,
Јувентус со 57 бода е лидер во Италија, следат Лацио со 56, односно Интер со 54
бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×