Интер конечно загуби на гости, Лацио со пресврт до големо славје (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во претпоследниот
натпревар од 24. коло во Серија А, Лацио славеше со 2-1 против Интер. Во
возбудлив натпревар на Олимпико во Рим, „бјанкочелестите“ направија пресврт во
вториот дел и на „нероаѕурите“ им го нанесоа првиот пораз на гости.

Интер поведе во
последните минути од првиот дел, Јанг прв дојде до една одбиена топка и ја
затресе мрежата на Стракоша за 0-1.

Лацио брзо се
врати, по пет минути игра во продолжението, Имобиле од пенал изедначи на 1-1.
Во 69. минута стигна нова радост за домаќините, по еден корнер, Милинковиќ
Савиќ најдобро се снајде и погоди за 2-1.

Гостите се обидоа
да се вратат до крајот, имаа еден поништен гол поради офсајд и една двојна
шанса, но Лацио ја задржа предноста и остана на минус еден во однос на Јувентус,
додека пак Интер сега има три помалку од лидерот на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×