Премиерлигашот
Тотнем ќе продолжи со обидите да дојде до потписот на фудбалерот на Јувентус,
Пауло Дибала, а тоа конкретно ќе го стори во идниот, јануарски преоден рок,
откако неуспешни беа обидите во веќе изминатиот летен преоден рок, пишува „Дејли
Стар“.
Клубот од Северен
Лондон беше близу до постигнување договор со Јувентус за аргентинската ѕвезда,
меѓутоа се наведува дека договорот не успеал да се реализира откако не биле
исполнети одредени услови до Дибала.
Се верува дека
единствената пречка која го спречила Тотнем да го ангажира Дибала ова лето биле
неисполнетите имиџ права кон Аргентинецот, меѓутоа, вицепрвакот на Европа ќе се
врати во трката за фудбалерот во јануари и ќе испрати конкретна понуда од околу
70 милиони евра.