303
Засилувањето на
Барселона, Френки де Јонг уверува дека постои уште многу од него во периодот
кој претстои за време на неговите настапи во дресот на Каталонците.
По импресивниот
период во претсезонските подготовки, Холанѓанецот малку разочара со падот на формата,
меѓутоа, ветува дека најдоброто од него допрва доаѓа.
„Јас сум нов во
тимот, стартував во сите три лигашки натпревари дури и по фактот што имаме
многу фудбалери од средниот ред“ изјави Де Јонг.
„Мислам дека
можам да играм и подобро од тоа што веќе го прикажав, морам да се развијам во
секоја позиција на која би играл, среќен сум што играм“ додаде младиот
Холанѓанец.