Шкринијар: Конте има победнички менталитет, сакаме титула, а не борба за четврто или петто место

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Интер, Милан Шкринијар верува дека новиот тренер на „Нероаѕурите“, Антонио
Конте има победнички менталитет, а тоа може во голема мера да помогне на тимот
во обидот да го освои Скудетото оваа сезона.

Словакот се разви
во еден од најдобрите дефанзивци во европскиот фудбал, беше клучен играч во таа
игра под кормилото на Лучијано Спалети, остана во клубот и покрај големиот
интерес за неговите услуги, а тој не го крие задоволството по големите
засилувања како Алексис Санчез и Ромелу Лукаку.

Имаме одличен
тим, донесовме доста квалитетни засилувања, ова е фантастично, имаме шест бода
од два меча, се надеваме дека ќе продолжиме во ист ритам. Конте има победнички
менталитет, ние не се подготвуваме вака за да бидеме четврти или петти, туку да
освоиме некоја титула
“ вели Шкринијар.

Мислам дека тоа
може да се случи оваа сезона, имаме тешка група во Лигата на
шампионите,
едноставно не можеме да ги одбереме противниците“ додаде Словакот.

Интер оваа сезона
ќе настапува и во групната фаза од Лигата на шампионите, на ждрепката немаше
среќа, па така за противници во конкуренцијата „Ф“ ги доби Барселона, Борусија
Дортмунд и Славија Прага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×