Алексис Санчез го
прекина молкот во однос на случувањата во Манчестер јунајтед, Чилеанецот тоа го
стори откако замина на позајмица во Интер, а „Нероаѕурите“ имаат можност и
целосно да го откупат неговиот договор.
Чилеанецот го
чинеше Манчестер јунајтед премногу, гледано од финансиски аспект, успеа да
постигне само пет погодоци во 45 настапи за тој клуб откако потпиша пред две
години, единствено што успеа да направи е добро да ја испразни клупската каса
на Премиерлигашот.
По позајмицата во
Интер, 30 годишниот фудбалер тврди дека бил изоставен во Манчестер јунајтед
бидејќи не му била укажана вистинска шанса за докажување, ја наведе и минутажата
на натпреварите која исто така не беше позитивна зад неговото име.
„Доколку ме
оставеа да одиграм еден цел натпревар, истиот би го добил, меѓутоа, некогаш ќе
играв 60 минути а во следниот меч воопшто, искрено, не ја знаев причината за
тоа“ изјави Санчез.
„Бев среќен во
Манчестер јунајтед, но секогаш им велев на моите блиски пријатели дека сакам да
играм, доколку ми укажеа таква прилика, сигурно ќе го сторев најдоброто“ додаде
Чилеанецот.
Санчез воедно
демантираше дека се кае за трансферот од Арсенал во Манчестер јунајтед, односно
за конечната одлука да ги одбере „Црвените ѓаволи“, иако како опција се
појавуваше и Манчестер Сити.
„Не се каам за
таа одлука, среќен сум што бев дел од Манчестер јунајтед, секогаш го велев тоа,
тоа е клуб кој освои најмногу во Англија, среќен бев и во Арсенал, но Манчестер
јунајтед се развиваше во тој период, купуваа фудбалери за да освојат нешто и
посакав да им се приклучам за да освојам се’ што е можно да се освои“ заклучи Чилеанецот.