Во Италија
пренесуваат дека Алексис Санчез ја одбил понудата од Рома за таму да игра како
позајмен фудбалер, на што согласност дал Манчестер јунајтед, меѓутоа Чилеанецот
не сака да се врати во Серија А, каде претходно настапуваше во редовите на
Удинезе.
„Тутомеркатовеб“
пишува дека Рома и Манчестер јунајтед добро ги „испеглале“ преговорите што дури
италијанскиот прволигаш се согласил на Санчез да му ја исплаќа дури и половина
од неговата годишна плата која во редовите на Премиерлигашот му изнесува 9,5
милиони евра.
30 годишниот
Чилеанец на „Олд Трафорд“ се пресели ланскиот јануари, а за неговите услуги на
шест месеци пред истекот на договорот со Арсенал, Манчестер јунајтед издвои 34
милиони евра, меѓутоа Санчез во целост ги разочара фановите и потфрли, па така
од поодамна се шпекулира дека е „вишок“ во составот на Премиерлигашот.
Ланската сезона
Санчез постигна два гола и четири асистенции во 27 настапи во сите конкуренции,
во Манчестер јунајтед се уште постои надеж дека ќе се ослободат од Чилеанецот,
а опциите се Италија, Шпанија и Франција.