182
Во изминатите денови Балотели преговараше со Фламенго, но ништо од зделката.
„Фламенго, Марио Балотели и неговите претставници по два дена на состаноци во Монако, заеднички одлучија да ги прекинат преговорите за можен трансфер на фудбалерот“, стои во соопштението на бразилскиот клуб.
Откако отпадна опцијата за трансфер во Бразил, сега во преден план е можноста Балотели да потпише за Бреша и да се врати во Серија А.